“L’exercice de l’État”

“Министер” е француско – белгиска драма режирана од Пјер Шолер. Дејствието се одвива околу главниот лик, министерот за транспорт, Бертран Сент Жан, кој една вечер доцна во ноќта го буди повик од неговата лична секретарка. Автобус со патници се превртил во една клисура. Бертран нема друг избор, оди на местото на несреќата. Оттука започнува мачната одисеја на државнички протоколарни задачи во еден се покомплексен и непријателски расположен свет. Брзина, моќ за превласт, хаос, економска криза… Во овој див сплет на настани, една итност заменува друга..Кои се жртви еден човек е спремен да ги даде? Колку долго истите ќе истраат во една држава која ги уништува оние кои и служат?

 

Режија: Pierre Schöller
Сценарио: Philippe Schoeller
Музика: Pierre Schöller
Кинематографија: Julien Hirsch
Монтажа: Laurence Briaud
Улоги: Olivier Gourmet, Michel Blanc, Zabou Breitman.
Времетраење: 115 мин.

Сподели