„МакеДокс“ и „Докувизија“ ви го претставуваат
„Опасни дела“ на Медлин Саклер

Со „Црвена шума“ ја разбрануваше театарската сцена на годинешниот МОТ, а в понеделник (9 ноември) ќе го стори истото на филмското платно во Џебното кино во МКЦ. „Опасни дела“ е филм за Белорускиот слободен театар – неверојатен запис за храброста и отпорот против цврсто стиснатата тупаница на диктатурата која забранува, прогонува и ликвидира и сè уште владее благодарение на 79% од избирачките гласови… и со најголем број на полицајци по глава на жител во светот.

Филмот истовремено ќе се прикаже во Скопје, Белград, Загреб, Подгорица, Призрен, Изола и Мост на Соча. А кој не би сакал да погледне филм за луѓе коишто Сер Том Стопард жестоко ги поддржува? Башка, награден со Еми?

За филмот:
„Опасни дела“
(САД/2013/76‘)

Сценарио: Madeleine Sackler
Режисер: Madeleine Sackler
Сниматели: Daniel Carter, Larissa Kabernik
Монтажа: Anne Barliant and Leigh Johnson
Тон: Steve Borne
Музика: Wendy Blackstone
Продукција: Madeleine Sackler (Great Curve Films)

Синопсис:
Прошверцувани снимки и нецензурирани интервјуа направени од граѓани и режирани преку Скајп нè водат директно на улиците во Минск и зад кулисите на Белорускиот слободен театар. Оваа „подземна“ театарска трупа, составена од 35 уметници од САД, Велика Британија и Нигерија, станува една од светски најсубверзивните зашто решава по секоја цена да му се спротивстави на т.н. „последен европски диктатор“ – Александар Лукашенко. Ги обединува креативниот пркос и неиздржливата глад за слобода. Апсени, затворани и прогонувани, но никогаш замолчани, тие упорно ја шират најгласната критика против репресивниот режим во Белорусија.

Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=sqf5G_mpaT8
Билет: 50 денари

„Докувизија“ е партнерски проект на Балканската документарна дистрибутивна мрежа (БДДМ) во која покрај „МакеДокс“, членуваат и Dokufest, Underhill Fest, Baš Volim Dokumentarce, Slobodna Zona/Free Zone Film Festival, Petra PAN FILM Production и Demiurg distribucija. Поддржан е од Фондот за уметност и култура за Балканот (Balkans Arts & Culture Fund (BAC)).

MakeDox and Dokuvision present
“Dangerous Acts Starring the Unstable Elements of Belarus” by Madeleine Sackler

Its “Red Forest” overwhelmed the audience at this year’s Youth Open Theatre. It will do the same on Monday, only this time through the film screen at the Youth Cultural Center in Skopje. “Dangerous Acts Starring the Unstable Elements of Belarus” is a film about the Belarus Free Theatre – “an admirable document of courage and resistance” against the clenched fist of dictatorship that forbades, banishes and liquidates and, yet, still rules thanks to the overwhelming 79 percent of the vote in 2010…and with more policemen per capita than anywhere else in the world.

The film will be simultaneously screened in Skopje, Belgrade, Zagreb, Podgorica, Prizren, Izola and Most na Soči. Who wouldn’t want to watch a film about people that Sir Tom Stoppard ferociously advocates for? A film that has also won the Emmy Award for Outstanding Arts & Culture Programming?

Film info

Dangerous Acts Starring the Unstable Elements of Belarus
(USA/2013/76’)

Writer: Madeleine Sackler
Director: Madeleine Sackler
Photography by: Daniel Carter and Larissa Kabernik
Editing: Anne Barliant and Leigh Johnson
Sound: Steve Borne
Music: Wendy Blackstone
Production: Madeleine Sackler for Great Curve Films

Synopsis:
Smuggled footage and uncensored interviews made by citizen journalists and directed via Skype take us in the streets of Minsk and behind the scenes with the Belarus Free Theatre. This “underground” theatre troupe, consisted of 35 performers from USA, Great Britain and Nigeria, has become one of the most subversive ones in the world when it decided to defy “Europe’s last dictator” – Alexander Lukashenko. United by their unbearable hunger for freedom and creative expression, they have been arrested, imprisoned and exiled but never silenced. In spite of all risks, they continue to be the fiercest critics of the current Belarusian repressive regime.

Trailer: https://www.youtube.com/watch?v=sqf5G_mpaT8
Ticket: 50 MKD

Dokuvision is a partnership project of the Balkan Documentary Distribution Network (BDDN) whose members are MakeDox, Dokufest, Underhill Fest, Baš Volim Dokumentarce, Slobodna Zona/Free Zone Film Festival, Petra PAN FILM Production and Demiurg distribucija. “Dokuvision” is supported by the (Balkans Arts & Culture Fund (BAC)).

 

Сподели