Копање“ е игран филм работен според истоимената претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер, која беше поставена во Македонскиот народен театар во април, 2017 г. Приказната ја следи повторната средба на двајца другари од детството што немаат никаков контакт шеснаесет години. При повторното запознавање се открива нивното заедничко минато, причината за разделбата и причината за повторно обединување.
Копање“ е целосно реализиран во сопствена продукција на „МИ Филм“. Благодарение на целата екипа, која безрезервно се вклучи во овој проект, снимањето на филмот се одвиваше шест снимачки ноќи кон крајот на месец јуни, 2017 година.

Времетраење: 68′
Режисери: Ивица Димитријевќ, Мартин Иванов
Приказна: Кристијан Винклер
Адаптација на сценарио: Ивица Димитријевиќ, Кристијан Винклер
Улоги: Гораст Цветковски, Ивица Димитријевиќ, Александар Ѓорѓиески
Кинематографери: Димо Попов, Генц Халими
Сценографија: Михаил Панев, Анастасија Величковска
Шминка: Ангела Стојановска
Звук: Димитар Маневски, Ивица Јанкуловски
Катинг: Франц фон Штролхен
Монтажа: Мартин Иванов
Музика: Горан Трајковски
Продуценти: Ивица Димитријевиќ, Мартин Иванов
Продукција: МИ Филм (MI Film)

Сподели