“Кон корените” Концерт на Женскиот Младински Хор под диригентство на маестро Сашо Татарчевски

Женскиот Младински Хор при МКЦ, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, вечерва 21.октомври, со почеток во 20.30 часот во Сала 25 Мај во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе одржи концерт насловен “Кон корените”. Како што најавува самиот наслов, на концертот ќе бидат презентирани повеќе македонски композитори од најстарата генерација со композиции кои го отсликуваат нивниот хорски израз. Програмата вклучува дела од Ристо Аврамовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски и „јубилејците“ Стефан Гајдов (110 години од раѓањето), Кирил Македонски (90 години од раѓањето), и Властимир Николовски (90 години од раѓањето). Покрај изведбата на композициите публиката на концертот ќе може да проследи и кратка презентација за секој од композиторите. Влезот е слободен а концертот започнува во 20.30 часот.

Женскиот Младински Хор при МКЦ е со богата традиција од 43 години и претставува најнаградуваниот македонски хорски ансамбл во странство.

Сподели