Понекогаш се потребни и помалку од 60 секунди на песната што го отвора албумот, за да бидете тотално повлечени во вртлогот на тој албум и да не ве „пушти“ до самиот крај. Деби албумот на белградскиот состав Vvhile е еден од тие вртлози, кој за 45 минути ќе ве поведе низ 80-тите, 90-тите, но и низ новите години на панкот и инди рокот.

Иако е ужасно тешко Vvhile да се стават во одреден жанровски калап, сепак, фасцинантен е фактот дека во сите тие транс-жанровски патувања звукот на бендот е во рамки на еден единствен звук, кој пред сѐ ги карактеризира исклучиво бучниот настап вткаен низ префинети и преубави поп мелодии. На спротивните краеви на нивниот музички израз се наоѓаат слоеви и слоеви бука, но и експресивни сонливи вокали, кои на секој концерт добиваат нови димензии и секогаш ве водат кон некој нов правец.

На 30 април во МКЦ Vvhile ве повикуваат на едно патување на кое ќе го промовираат својот албум “MORE”. Албумот во дигитален формат е објавен во ноември 2014, а минатиот месец беше издаден и на винил преку Jazz Chairs и Pop Depresija во Србија, Numavi во Австрија, Twintoe Records во Германија и Dirt Cult Records во Америка.

Vvhile е дуо, кое во 2011 го формираа Стеван Ќоровиќ на тапани и Андрија Спичановиќ на гатара и вокал.
По низа концерти во регионот и две европски турнеи, два винила и касетно издание, Vvhilе прерасна во еден од највозбудливите бендови во бивша Југославија, бенд што со сигурност ќе ве освои благодарение на позитивната меланхонија.Билетите за концертот на Vvhile веќе се во продажба, само на билетарницата на МКЦ, по супер цена од 150 денари.

Првомајскиот викенд започнува со концерт на Vvhile!

Сподели