Концертна промоција на албумот “To Unknown”
петок, 3 април 2015, 21:00
Младински Културен Центар
Сцена Бифе Фросина

На 03.04 (петок) алтернативниот рок бенд Skyrise ќе одржи концертна промоција на нивниот деби албум “To Unknown”. Настанот ќе се одржи во Младинскиот Културен Центар во Скопје, каде бендот во живо ќе го презентира материјалот од албумот.

Повеќе детали за влезниците и за специјалните гости на концертот наскоро…

БИОГРАФИЈА
Skyrise се алтернативен рок бенд од Тетово, активен од август, 2012 година. На публиката првпат ѝ се претставуваат во март, 2013 година со песните “Let Yourself Go” и “Playing God”, зад кои како продуцент се потпишува Гоце Симоноски, гитаристот на High Control. Во септември, 2014 го издаваат својот трет сингл, “We Never Say Goodbye”, со што го најавуваат својот деби албум, “To Unknown”, издаден од страна на Password Production во ноември, 2014. Звукот на бендот може да се категоризира како моќен, меланхоличен и модерен алтернативен рок, под суптилно влијание на пост рок жанрот. Имаат настапувано на повеќе фестивали (Aqua Park Fest, Revolution Fest, Joyfest), но и како предгрупа на канадскиот бенд Hidden Cameras во Скопје.

ЧЛЕНОВИ
Благоја Евкоски – вокали, гитари, клавијатури
Бојан Рафајловски – гитари
Дејан Дојевски-Папак – бас гитари
Бојан Евкоски – тапани

Facebook: https://www.facebook.com/skyrise.bandpage
YouTube: https://www.youtube.com/channel/UCazzs5cz7s7h9wIPH5GHARQ

Сподели