Sheer Mag е нов бенд, оформен 2014 година во Филаделфија, САД. Комбинација на рок од 70тите и со силен панк attitude, Sheer Mag инстантно успејаа да го привлечат внимението на публиката и критиката.
Rolling Stone ги вброи во „10те нови бендови кои мора да ги знаете“, опишувајќи ги како “a gang of punks with a not-so-secret love of Seventies classic rock“. Имаат издадено две 7″ изданија а ова им е прва турнеа по Европа во која е вклучено и СКопје.

Домашна поддршка ќе добијат од нашите драги пријатели Sürtükler.
Суртуклер ја започнуваат својата музичка авантура во 2013 во подземјето на скопските гаражи. Бендот го сочинуваат Самир Карахасан (тапани), Ертунч Сали (гитара) и Стефан Николовски (бас гитара). Поаѓајќи од сознанието дека тројцата се ликовни уметници и графичари, напоредно и нивната музика се развива како боја која бавно се провлекува низ печатарска форма.
Тие го опишуваат својот звук како „гаражен панк со елементи на сурф-рок и стонерски-акорди“ кои одново нé навраќаат на нивниот настапот на Бош-фестивалот: “…несвесно празнење на умот хранет од суровата абразивност на скопскиот бетон, шареното ѓубре и маите, скапи конзерви надеж, танцувајки со бесот во длабочините на етерот. Surtukler! Не сака промена, сака крај!”
Беа дел од годинешниот ЗДРАВО МЛАДИ!

13. ДЕКЕМВРИ
МКЦ Скопје
Билети по цена од 150 денари САМО на билетара на МКЦ, на врата цена на билет ќе чини 200 денари.

 

Сподели