Од жешкиот Бризбејн, во Скопје пристигнуваат Nite Fields. Прва европска турнеја за овој надоаѓачки бенд од возбудливата австралиска сцена.

Мрачна и заводлива, музиката на Nite Fields е суптилна фузија на пост-панк, shoegаze и електроника. Со елегантно контролирана енергија, бендот создава интимна и сонувачка атмосфера додека ранливиот баритон на Danny Vanzin раскажува приказни за отуѓување и конфузија.

Nite Fields се формирани 2011 година во Бризбејн од страна на Danny Venzin и Chris Campion, на кои подоцна им се приклучуваат Michael Whitney на бас и Liza Harvey на тапани. Бендот стекнува репутација благодарение на нивните извноредни концерти и серијата на синглови кои излегуваат за издавачката куќа Lost Race основана од Danny Venzin. Долго очекуваниот деби албум ‘Depersonalisation’ е создаван во период од 3 години, во три различни градови, на повеќе од 20 локации вклучувајќи гаражи, спални соби, позајмени студија, па дури и во ресторанска трпезарија. Пост-продукицијата на албумот е дело на Nigel Lee-Yang основач на култниот австралиски бенд HTRK.

„Depersonalisation“ излегува на 3ти февруари за калифорнискиот лејбл Felte (Eraas, Soviet Soviet, Ritual Howls..) http://felte.net/

 

Сподели