Почитувани,
Со нескриена возбуда и големо задоволство, ПМГ Рекордингс го најавува концертот на човекот кој го приреди најпријатното изненадување на македонската музичка сцена во последно време - Muhamed Ibrahimi.
Човекот е виртуоз на својот инструмент, дали е тоа гитара, мандолина, шаркија…Неговата свирка доаѓа спонтано, од срце и носи толкава енергија и квалитет во себе, што буквално ве вовлекува и останувате без здив, се додека не се заврши композицијата, кога ненадејно се враќате во реалноста :) Да, зборуваме за свирка во ЖИВО, најсилното оружје на господинот Ибрахими. Еве концерт, па повелете уверете се во ова, ќе бидете воодушевени.
Инаку неговиот деби албум “Fly” [PMG recordings097], досега (за 30тина дена) е спуштен над 750 пати од нашата веб страница, што птретставува неверојатен импакт со публиката.
Спуштете го тука: http://www.pmgrecordings.com/discography.php?id=102
ЦДто можете да го купите во ГТЦ, во Југотон и Пола Југотон. Ќе биде достапно и на концертната промоција по промотивна цена.
На концертот ќе му се придружат неколку гости, еминентни имиња од македонската музичка сцена:
Сеад Хаџиќ-Сецко, Мите Димовски, Џоле Максимовски, Ратко Даутовски, Андреј Анастасов Даскаловски – Еди.

Рецензија за албумот Fly на порталот КУЛПОП.

Сподели