Molokai го најавуваат вториот албум, но за жал и последните денови на нивното активно постоење како бенд:(.
Најавата за концертот ја пренесуваме во целост, интегрално, на битолски…

После 3 и кусур години постоење, молокаи прекинва со свирење.
Последна шанса да нè гледате во Скопје ќе биди на ова промоција на вторио албум Rack Attack 2.0, која ќе се одржи во МКЦ, во бифето на кино Фросина, овај петок на 15ти август во 21.30.

Албумо е издаен од Predisposed To Oppose – booking & promotion и од Mkc Bitola, а од 10ти август ќе биди достапен за преслушвање и спуштање на http://molokaiau.bandcamp.com/
На промоцијата ќе можите да го чуете материјало од албумо во живо и да го набавите истио за 150 денари.

Гости на промоцијата се Битолчаните МаЗНо, аМа Не е, на кои му оставаме аманет да ни ја вардат Битолата дур не напрајме нови бендој.

Концертот ќе функционира врз база на донации, значи карта нема, се „плаќа“ кој колку можи, со то шо убо би било да остајте по некој денар и да купите цд оти се оддадовме од пари последниов период за да го издајме албумо и сè то, па барем асимптотски да ѝ се прибрижиме на нулата, ќар и да сакаме нема да напрајме. :)

Сподели