Драги нетрпеливи очекувачи на третото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО,

Продолжуваме со серијата fund raising настани за вашиот омилен фестивал. На 21.02. во МКЦ ќе настапат SOLDOUT од Белгија и Ensh од Србија. Kомплетната заработка од продажбата на влезници ќе биде намента за реализација на програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО што ќе се оддржи од 6ти до 8ми март во МКЦ.

Сабота вечер, немате попаметна работа, ем ќе дојдете до МКЦ на електро концерт, ем ќе го поддржите ПРВО ПА ЖЕНСКО #3, зошто да не?!?!

САБОТА 21.02
МКЦ
21:00
150 ДЕНАРИ

НЕКА БИДЕ SOLDOUT!

***************************************************************************
One-man-show атракција, Ensh, позади која се „крие“ продуцентот Миленко Вујошевиќ ја започнува својата амбициозна балканска турнеја заедно со белгиското елетро дуо Soldout. Турнејата ќе опфати 11 балкански градови, вклучувајќи го и Скопје.

Лириките на Ensh до неодамна беа на англиски јазик, а со новиот сингл Ćuti (Молчи) ја започнува новата етапа во творештвото. Низ игра со текстовните досетки и изрази карактеристични за балканот, Ensh ја создаде заразната мелодија која, покрај со зборови, кокетира и со различни електро и поп стилови. Израснат во Торонто, Канада, а денес со адреса во Белград, Ensh ќе се обиде да го шармира балканот.

Soldout на оваа турнеја ќе го промовира саундтракот “Puppylove” и албумот “More”.
Љубителите на волшебниот електро звук ќе бидат во можност да се препуштат на нивниот специфичен аудио-визуелен перформанс

Ensh ќе го најдете на:

facebook.com/enshmusic

youtube.com/EnshOfficial

ensh.bandcamp.com

soundcloud.com/ensh

Soldout тука:

http://www.soldout.be

http://www.facebook.com/wearesoldout

http://www.soundcloud.com/soldout

http://www.youtube.com/wearesoldout

Сподели