ROTKO books&music со задоволство ви претставува:
Водечкото име од новата берлинска сцена DIE WILDE JAGD нa 17 март во Mладинскиот културен центар. Неповторлива звучна слика обоена со сурова синтетика, механички перкусии и нови индустриски нијанси.
Приклучете се кон времето што доаѓа!
Наследниците на KRAFTWERK, DER PLAN, D.A.F…
DIE WILDE JAGD

http://diewildejagd.com/
https://www.facebook.com/diewildejagd/
https://soundcloud.com/diewildejagd
https://www.discogs.com/artist/4410612-Die-Wilde-Jagd

Локална поддршка Тодор Караколев

Тодор Караколев создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непретенциозно помеѓу различни жанрови на електронската музика.

https://www.youtube.com/watch?v=5NVi9I6Z-fk
https://www.youtube.com/watch?v=Lk3S4SI2s4Y
https://www.youtube.com/watch?v=-blF3gf5q9U
https://soundcloud.com/todorkarakolev

петок, 17 март, 21:00 часот, 300 ден, МКЦ Скопје.

::::…………….

Пост-авангардниот берлински бенд „Die Wilde Jagd” пристигнува во Скопје!

Концертот на берлинската музичка група „Die Wilde Jagd“, која ќе настапи на 17 март (петок) во Денсинг салата во Младинскиот Културен Центар е настан кој не смее да се пропушти. „Die Wilde Jagd“ носат нова музичка струја и се предвесници на нови естетски насоки на современата генерација германски артисти.
Die Wilde Jagd“ („Дивиот лов“), е стар германски мит познат во многу делови од Европа кој зборува за бестрашните ловци кои во периодот помеѓу Божик и 12-от Ден, јаваат низ земјата по патишта на кои многумина се плашат да ги поминат.
Ралф Бек и Себастијан Ли Филип, креативниот двоец на бендот, прв пат се среќава во 2006 година во центарот „Салон на аматери“ во Дизелдорф, место познато како германска „пост-панк“ хациенда, каде што се собираат најзначајните музичари и уметници. Затоа и не е коинциденција што токму во Дизелдорф ова дуо работи и твори музика која што е полна со суптилни референци за локалните бендови како „Kraftwerk“, „NEU!“, „DAF“, „Liaisons Dangereuses“, „Pyrolator“…
Од тогаш, Бек и Филип редовно ги спојуваат своите творечки енергии и снимаат во добро опременото студио на Бек, користејќи бројна аналогна опрема и синтисајзери. Со разновидните уреди за снимање, тие комбинираат широк спектар на ударни инструменти и креираат сопствена „ловечка“ музика која на моменти звучи вознемирувачки – како мочуриште во темна шума, но истовремено и енергично, како хипнотички танц. Нивната звучна слика ја одликуваат репетитивни гитарски лупови, електронски перкусии, тапани и синтисајзери, но и средновековни звуци кои се слушаат на почетокот на „ловот“ и шепотливи и рецитирачки гласови кои ги повикуваат духовите на шумата.
Во бендот членува и Нико Ромел на ударни инструменти. Музичарот и продуцентот Ралф Бек е роден во Дизелдорф и досега реализирал неколку албуми како дел од дуото „Nalin & Kane“. Колекционер е на стари синтисајзери и педали за ефекти и има сопствено студио „Uhrwald Orange“ во кое се снимени бројни албуми претежно на германски бендови. Себастијан Ли Филип е дел и од берлинското електро-вејв дуо „Noblesse Oblige“, а компонира музика за театарски претстави и радио-драми. Во периодот од 2001 до 2006 година живеел во Лондон каде што го водел ноќниот клуб „Калигула“ и настапувал како диџеј.

Бендот „Die Wilde Jagd“ ќе донесе нова енергија и поинакви звучни хоризонти на скопската музичка сцена. Бидете дел од ова ретко музичко случување!

Сподели