Хип Хоп Дами и Господа !!!!!
Иако одамна музички пензионирани (првите Рап пензионери во МКД), Ве покануваме на прослава на 15 годишнината од издавањето на албумот Сафизам!

Поради големиот интерес, бидејќи го надминавме лимитот на МКЦ, а со цел да биде се во најдобар ред и да нема незадоволство, концертот го преместуваме на Скопски саем.
По тој повод со нашите гости ќе се почестиме со една меѓусебна концертна дружба само за вистинските фанови на добрата Хипхоп музика од сите генерации…..Овој семинар на Хипхопот има за цел да одбелжи еден клучен момент во Македонската музичка сцена а тоа е издавањето на Сафизам:):) …Културолошки, Музички, Метафизички албумот ја претсавуваше Македонската Хипхоп сцена на достојно ниво доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат… Сафизам е официјално Првиот винил на поствоен Балкан и водено еден од највлијатлните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат :):) …Во 2000 година на 25 април во клубот Сачмо се случи промоцијата на Сафизам, сега 15 години подоцна ќе се собереме во полн состав да ја презентираме формулата за правење вистински Хипхоп:
1,2,3, Смилен ,Гоце, Пикисипи !!!

24. април Скопски Саем
Карти во претпродажба во 1/2 Југотон и мрежата на купикартизасе низ државата по цена од 250ден., а на денот на концерот 300 ден.

Сподели