“Lovely & Lively” е насловот на концертот на женскиот младински хор при МКЦ од Скопје. Освен играта на зборови, насловот произлегува од изборот на програмата која ја чинат композиции со популарен карактер, главно од англиското говорно подрачје, опфаќајќи повеќе познати спиритуали и госпели. Диригент на концертот е долгогодишниот раководител на хорот, Сашо Татарчевски.
Женскиот младински хор – МКЦ е еден од ансамблите со најдолга традиција во Македонија. Во својата 42 годишна историја хорот нанижал огромен број успеси, промовирајќи ја Македонската хорска традиција на најдобар можен начин. Секогаш свежиот и разноврсен репертоар, како и стандардно високиот квалитет на изведба се заштитен знак на хорот и секако едни од битните фактори во континуираните успеси на домашната и меѓународната сцена. Сепак, најголемото богатство на хорот се неговите членовите и раководители кои со својот нагласен ентузијазам и желба за напредок постојано успеваат да ја воодушеват публиката на нивните настапи.
Концертот е закажан за 16.04.2014 со почеток од 20.30 часот во младинскиот културен центар. На овој концерт воедно ќе бидат промовирани и новите униформи на хорот. Влезот е слободен.
Се гледаме во МКЦ.

Сподели