Почитувани љубители на квалитетната музика – „Се Плашам од Македонци“ е албум – резултат на неочекувана, но во најмала рака интересна и необична трилатерална соработка Sethstat, Мирко Попов, Никола Коџобашија. Вистинска музичка авантура која во исто време е уживање, предизвик и длабока духовна интроспекција. Првиот сингл од овој албум, композицијата „Кругови“ беше прогласен за сингл на годината 2014 според скопското музичко радио Канал 103.

На 5 март, четврток во киното Фросина, МКЦ, ќе можете на проследите концертна промоција и настап на Sethstat и Мирко Попов.
Не пропуштајте

Сподели