Почитувани љубители на музиката и филмот.

Со необично задоволство го најавуваме промотивниот КОНЦЕРТ на ПМГ Колектив по повод албумот КЛАН СЕКУЛАР (албумот сеуште е достапен за free download – www.pmgrecordings.com).
Концертот ќе се снима аудио и видео и ќе биде употребен во филмот КЛАН СЕКУЛАР.
Бендот има нова постава и потполно нов звук, досега не сте го слушале во ова издание.
Концертот ќе се одржи во Џебното Кино во МКЦ, а со оглед на големината на просторот, има место само за 103 луѓе внатре. Значи толку карти има во прет/продажба во Пола Југотон и касата на МКЦ. Со секоја карта следи подарок ЦД од ПМГ Колектив. Побрзајте набавете си карта, бидете дел од овој концерт, а истовремено и филм.

Со љубов

ПМГ колектив

Сподели