Ве известуваме дека во сабота, на 8-ми март, во 13:00 часот, во Детскиот креативен центар, по повод денот на жената ќе се организира изложба и работилница на која членовите од Ликовното Студио, заедно со присутните деца на настанот ќе имаат можност да креираат осмомартовски честитки кои потоа ќе им бидат подарени на гостите на изложбата. Свои дела ќе изложи и ликовниот уметник Лилјана Стојанова, која ќе се претстави со дваесетина минијатури.

Основна цел на Детскиот креативен центар во седумнааесетгодишното постоење е на децата, преку индивидуални или колективни посети, низ игра и организирани активности им овозможи да го покажат својот талент и креативност.
Сите заинтересирани деца и родители ги повикуваме во сабота, на 8-ми март, во 13:00 часот, да ни се придружат на настанот.

Сподели