„Животот и сиот тој џез“ е книга за љубовта, за една млада девојка која ќе се обиде да си го пронајде патот во животот. Многу солзи, многу емоции.
Дали вие се имате пронајдено? Дали сте во вистинско време , на вистинско место, дали сакате вистински луѓе и дали тие ве сакаат вас…

Романот го промовира проф. д-р Антонио Митриќески, извадоци од делото ќе чита нашиот актер Владо Јовановски.
Музичка придружба, Славче Петрушев на саксофон.

„ Приказната зборува за љубовта, вербата и надежта.Да се биде борец. Само слабите во дух и егоистите кои не се сакаат себеси не веруваат во животит и не се борат до крај “, ќе рече рецензентот Митриќески.

Сандра Пановска е родена 1990 година во Штип, живее во Пробиштип, студира  молекуларна биологија. Романот „Животот и сиот тој џез “ е нејзин прв роман.

Сподели