Почитувани

Конечно дојде и петтото издание на Ехо фестивалот.
Овој пат отвараме во кино Милениум (3 ноември), па продолжуваме уште два дена во кино Фросина (4-5 ноември), за на крај на 6ти да завршиме во МКЦ клуб ресторан со кратки филмови и забава.

Понеделник 3ти ноември ја отвараме првата вечер во кино Милениум со проекција на првиот Македонски филм за спортско качување “Кон Врвот” и со најдобрите филмски остварувања во светот на планинските фестивали за изминатата година според критиката, тоа се: исклучителната приказна ‘The last great climb’, http://www.ehofilmfest.mk/mk/thelastgreatclimb и фантастичниот ‘Into the Mind’, филм кој го сопира здивот со неверојатните снимки, ефекти и музика.http://www.ehofilmfest.mk/mk/intothemind
Вистинско задоволство да се искусат овие филмови на најголемото филмско платно во Скопје.
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН.

За повеќе од програмата, презентациите и филмовите од следните денови, можете да видите на официјалната веб страна на фестивалот.

Се гледаме.
Тимот на ЕХО

Сподели