„Големата авантура на Пим и Пом, синхронизиран на македонски јазик, раскажува за пријателството меѓу импулсивните и авантуристички мачки Пим и Пом, кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот до дома. Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога нејзините внуки доаѓаат на посета сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен, со доза акција филм, има стилизиран изглед што потсетува на 1960-те и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците. Филмот од 2014 година е во режија на Глорија Смит а покрај номинации на филмските фестивали холандскиот „Синекид“ и „Црни ноќи“ во Талин, ја доби и наградата на Детското жири на Чикаго интернационалниот детски филмски фестивал .

Времетраење: 70 минути.

Сподели