Pmg Recordings и Drop Series во сабота, 18.10 ви ја претставуваат легендата на белградската и балканската техно сцена Марко Настиќ. Настанот наречен “Вселената како култура” ќе се одржи во култниот МКЦ, а покрај Марко ќе настапат и Видиновски, ко – сопственикот на издавачките куќи Argumento Music Group и Excel Recordings кој е и еден од основачите на Drop Series, Мирко Попов, човекот кој на домашната сцена е активен веќе 20 години, еден од првите дј-и во Македонија и сопственикот на култната PMG Recordings и Апостолски, надеж, младост и свежина на скопската техно сцена, продуцент кој набрзо ќе го има и своето прво издание за Argumento Music. За видео проекциите задолжени ќе бидат дечките од Lazy Kidz Visualz, а дизајнот за настанот е дело на Voislav Dimitrijevic.

Се гледаме во МКЦ !

Сподели