Diehard Booking ви преставува ВОСТАНИЕ 2 заедно со:

LAST HOPE (Софија)
HARDFACED (Охрид)
BLАNKFILE (Белград)
SCATTERED (Струга/Охрид)
UNENDING FURY (Скопје)

28-ми Октомври (Петок) во МКЦ Скопје.
Почеток 19:30 часот.
Карти во претпродажба на билетара во МКЦ по цена од 200 денари. На ден на концерт 300 денари.

Поддржано од:
Diehard Booking & records
Zograf amplification
MKC

Илустрација: Алек Илиевски
Дизајн: Fitz

Хардкор-метал фестивалот “Востание” по втор пат во Скопје.

На 28-ми Октомври (Петок), во Младинскиот Културен Центар со почеток од 19:30 часот ќе настапат пет бендови од Македонија, Бугарија и Србија.

Настанот ќе го отворат Unending Fury. Скопскиот треш метал состав во моментов го финишираат својот деби албум кој наскоро треба да ја види светлината на денот.

https://www.facebook.com/Unending-Fury-167282819960470

Струшко-Охридската комбинација Scattered по подолго време со настап во Скопје. Овој пат со посебен повод. Концертно ќе го промовираат и исвират во целост нивниот нов албум “Extrospection”.

https://www.facebook.com/ScatteredOfficial
https://www.youtube.com/watch?v=CZKWME-pD6M&feature=youtu.be

Од севериот сосед, по прв пат во Скопје ни доаѓаат Blankfile. Белградскиот хардкор-панк состав веќе има неколку изданија и брдо концерти зад себе, а сеуште е свежо нивното овогодишно We Are EP.

https://www.facebook.com/blankfileband
http://blankfile.bandcamp.com/

Крајот на вечерта е резервиран за два бенда за кои фестивалот ќе значи почеток на нивната заедничка Источно Европска турнеја.

Охридските Hardfaced, најактивниот домашен метал-хардкор состав. Три студиски албуми позади нив, меѓу кои сеуште свежиот, Dying Lake. Скопје ќе го означи почетокот на нивната четврта Европска турнеја во последните две години. Моментално бендот настапува како петторка.

https://www.facebook.com/hardfaced
http://hardfaced.bandcamp.com/

Легендите на Балканската хардкор сцена, Last Hope од Софија. Бендот кој годинава ја прославува својата дваесет годишнина со новиот албум “Chain Reaction” кој излезе за Англискиот лејбл GSR Music.

https://www.facebook.com/lasthopehardcore
http://lasthopehardcore.bandcamp.com/

Сподели