БО ФЕСТ, себитолски музички фестивал кој ќе се одржи во МКЦ Скопје, во бифето на кино Фросина, на 9ти ноември, понеделник, во 21.00. :)

Влез донација.

Битолските бои ќе ги бранат:

SPANK

https://www.facebook.com/Spankbt

https://www.youtube.com/user/spankMKchannel

Битолска панк-рок тројка која постои од 2007 година.
Имаат 3 албуми и една европска турнеја зад нивното име. Свират фуриозен калифорниски панк-рок, инспириран од Pennywise, NOFX и ним слични бендови.
Бендот го сочинуваат Мирче Пејковски (бас и вокал), Владко Симоновски (гитара и вокал) и Иле Лулевски (тапани).

Пресен Зрак

https://www.facebook.com/Presen-Zrak-PEZ-128050290637876/

https://presenzrak.bandcamp.com/

Дип-троут панк од парковите, улиците и планините на Битола. Бескомпромисен музички израз, сервиран без калкулации, зачинет со саксофон и неверојатна енергија.
Бендот го сочинуваат Стефан Гулевски (гитара и вокал), Дамјан Грујо (тапани), Армин Амедовски (бас) и Александар Димитровски (саксофон).

Red Sails Billow

https://www.facebook.com/redsailsbillow

Red Sails Billow е творевина на две судбоносни средби на железничката станица во Скопје. Откако се запознаа, Марко Галевски (бас), Александар Томевски (гитара) и Бојан Станиќ (тапани), тројцата со различни музички позадини (класика, метал и сурф), а и со различни музички преференци, створија некој жанровски-мутиран инструментален звук – микс од пост-рок, мет-рок, метал и еден куп други влијанија.

The Wise Shouldn’t Stay Quiet

https://www.facebook.com/thewiseshouldntstayquiet

Се работи за инди/пост-хардкор трио, идејно инспирирано од америчката хардкор панк сцена од 80тите, гневно од секојдневните експлицитни и имплицитни неправди и социјалната борба, а музички влечи влијанија од бендови како Husker Du, Mega City Four, Dag Nasty, Dinosaur Jr. и други. Бендот го сочинуваат Михаил Димитров (бас), Александар Стефановски (тапани) и Бојан Станиќ (гитара и вокал).

Сподели