На 27ми Јуни – сабота, ве покануваме на DIY свирката/фестивал АЛТЕРНАТИВНО СКОПЈЕ 2 која што ќе се одржува во Бифе МКЦ. Како и минатата година така и оваа, малце свежина на културниот тек во градот ќе му дадат 8 бенда, кои што ќе свират од 20h до 1h.

Картите ќе бидат 150 денари во претпродажба, а 200 денари на врата
и се строго ограничени!

“Животот е казна ако не го живееш во својот ритам.. ритам, ритам, ритам…“

& COME TOGETHER!
& SUPPORT YOUR LOCAL SCENE!

НАСТАПУВААТ:

- VOYVODA (Софија, Бугарија)
На наше најголемо задоволство ни гостуваат ВОЈВОДА од Софија, Бугарија, бендот кои прави исклучиво добар пост-панк, со примеси на колдвејв и дарквејв. Прв интернационален бенд што настапува на Алтернативно Скопје и прв пат доаѓаат впрочем во градов.
FB Page: :https://www.facebook.com/xvoyvodax
Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=YselLUFJlnk
Bandcamp: https://voyvoda.bandcamp.com/

- CORTEX
CORTEX e бендот што ќе не претставува оваа година на EXIT(Србија), инаку се метал бенд од Скопје. Изобилуваат со тврди и мрачни звуци, обработуваат теми за падовите и подемите на човекот преку својата перцепција, претставена преку имагинарни ликови. Во септември ќе слават 4 години од нивното постоење и работат на ново ЕП. Во бендот свират: Дејан Сенковски(бубањ), Михајло Вуковиќ(бас), Томи Ничевски(гитара), Филип Филипов(гитара) и Кристијан Тошевски(вокал)
FB Page: https://www.facebook.com/cortexofficial5
Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=0c7_fdeC42Y

- MUHAMED IBRAHIMI
МУХАМЕД ИБРАХИМИ е мулти-инструменталец од Скопје. Тој ја третира неговата гитара (мандолина, саз итн.) на многу необичен, интуитивен и инспирационен начин. Неговата музика е автентичен микс на повеќе музички стилови како блуз, амбиент рок и највеќе од ориенталната (суфи) традиција и албанскиот (балканскиот) фолклор.
PMG Recordings: http://www.pmgrecordings.com/artists.php?id=22
Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=3dJSU6SIfSU
Soundcloud: https://soundcloud.com/muhamed-ibrahimi

- ТОТАЛНО ОПУШТАЊЕ
Групата Тотално Опуштање датира од крајот на минатиот век, поточно од раните есенски денови на 1993-та година. Производ е на имагинацијата на нејзиниот пеач кој што сакаше да направи многу добра тезгарска група, со која што ќе собира пари. Меѓутоа се случи да направи сојуз со двајца свои истомисленици, со кои што влезе во само за нив разбирлив филм на рок музиката, така наречено “дивјаштво”. Веднаш почнаа со голем успех да ја шират рок идеологијата низ целата земја. Тоа го постигнуваа(т) со многубројните живи настапи ширум татковината и со гостувања по разни радио и ТВ емисии.
www.totalno-opustanje.weebly.com
www.totalno-opustanje.bandcamp.com
www.soundcloud.com/totalno-opustanje

- ASTEROID
Астероид е млад бенд од Скопје формиран во 2013 година. Моментално е насочен кон изработка на својот прв албум. Нивниот звук се дефинира како алтернативен и е фузија од психоделичен рок, фанк, пост-панк и експериментална музика.
FB Page: https://www.facebook.com/asteroidoficijalen

- LEITMOTIF
Leitmotif е postrock/shoegaze/mathrock/experimental трио од Скопје(планета земја) . Едни од бендовите што ја освежија сцената и и дадоа сосема друга димензија со самото нивно појавување пред некоја година. По првото еп “luminescence” презентираат нов материјал кој што во брзо време треба да биде и снимен.
FB Page: https://www.facebook.com/Leitmotif123
Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=6M-V2pRjMcg
Bandcamp: http://leitmotif.bandcamp.com/album/luminescence-ep

- KAIN (Кичево)
КАИН. Се работи за бенд кој работи на првиот албум насловен Под ова сонце ладно е, кој содржи песни со измешани стилови односно еден свој модерен музички времеплов. Музичка турлитава со доста балкански мелодии, џез-рок, прогресивен рок, сето тоа зачинето со еден Каиновски шмек. Кога и каде имаме настапувано и не е толку битно, кој слушнал знае за што се работи, а кој не во иднина ќе се сретне со една ваква музичка револуција доколку го носи со себе тој револуционерен дух.
Со почит, Каин.

- ОЛОВНА РЕСТРИКЦИЈА (Велес)
ОЛОВНА РЕСТРИКЦИЈА се панк-рок бенд од Велес, што постојат од 2009та. Покрај многу промени во составот, моментално свират Урум(вокал), Јоцо(гитара), Влатко(тапани), Лазо(бас). Моментално работат на нов материјал, додека пак имаат настапувано во многу градови и на многу настани како ТОТАЛ ДЕМО ФЕСТ, ГАРАЖ РИВАЈВАЛ, РОК ФЕСТ…
FB Page: https://www.facebook.com/pages/Olovna-Restrikcija/207099526002800
Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=5xoUvFhqmNc

Ве очекуваме.

https://www.facebook.com/alternativnoskopje
https://www.facebook.com/mundergroundmusic

Сподели