ДИЈАЛОГ НА ДВАЈЦА УМЕТНИЦИ. ТЕХНО ИЛУЗИЈА
Изложба во рамки на CREART програмата

Концепт на изложбата:
Живеејќи во опкружување базирано на технологија, секојдневно се соочуваме со проблеми што се предизвикани од таа технологија. Но, исто така, се соочуваме и со некои промени во нашата реалност. Информација за самите нас – што користиме за работа и игра, нашите потреби и грижи, дури и нашиот изглед – е фрагментарно и мултиплицирано, што нѐ охрабрува да ја истражиме стварноста на реалноста. Стана удобно да се работи додека се гледа во компјутерскиот екран, да се забавуваме користејќи го интернетот, и да го трошиме времето додека чекаме во сообраќајот гледајќи по социјалните мрежи пораки од пријателите и луѓето што едвај ги познаваме.
Растечките технологии ги охрабруваат професионалните уметници да бараат нови значења на уметничкиот израз, нови комбинации, иновативни реализации на уметничките идеи и оригинални решенија за проблемите на реалноста и виртуелноста на нашето време.
Поканивме уметници да ги интерпретираат овие промени, додавајќи различни значења на уметничкото изразување, изразувајќи ги своите ставови за тоа што го перципираат како вистинска реалност и што, според нив, е друга реалност, вештачки создадена со помош на технологијата, со можни контроверзни инфлуенци кон општеството.

Важни датуми:
- апликации и фотографии на делата треба да бидат пратени дo 15.6.2019
- селекција на делата 16.6. – 30.6. 2019
- информирање преку e-mail за резултатите од селекцијата 1.7. – 8.7. 2019
- отворање на изложбата 11.9.2019
- траење на изложбата 10.10.2019
Учеството на изложбата е отворено за: современи визуелни уметници, кои професионално го презентираат полето на визуелната и современата уметност; без возрасни граници.

Организатор на изложбата: Všį Artkomas; http://www.artkomas.lt https://www.facebook.com/artkomas/

Локација на изложбата: Галерија “Ars et mundus”, која е лоцирана во срцето на стариот град и не е место само за изложби, туку и активна точка на културниот живот на Каунас. https://www.facebook.com/pg/galerijaarsetmundus
Куратотр на изложбата: уметникот, уметничкиот критичар д-р Ремигијус Венкус, кој го одбрани својот докторат во 2014; 2005-2015 објави 337 критички осврти на тема уметност, медиумска култура и креативни индустрии. Во 2008-2016 Венкус дејствува како уметнички критичар за меѓународниот фестивал за визуелни уметности „Art In Old Lithuanian Manors“ (Литванија). Од 2002 одржал 50 соло-изложби во Литванија и 4 соло-изложби надвор.

Обврски на организаторот:
1. Организаторот обезбедува меѓународни авионски билети за уметниците за отворањето на изложбата;
2. Организаторот ги покрива трошоците за локалниот транспорт на уметниците / до аеродромот во Каунас / автобуска / железничка станица (надоместок за обезбедени билети за автобус или воз, потврди, фактури итн.);
3. Организаторот обезбедува сместување за уметниците за време на престојот;
4. Организаторот им доделува хонорар од 330€ на уметниците;
5. Организаторот ги покрива трошоците за транспорт на делата од и до Каунас.

Аплицирање за изложбата Техно-илузија. Ве молиме закачете го своето портфолио со потребните информации на онлајн апликацијата.
1. Основни податоци: Име, презиме; датум на раѓање; адреса; град и држава; тел. број; e-mail; веб страница (друг интернет линк или извор, не повеќе од пет). Скенирана копија од лична карта или пасош;
2. Образование. Ве молиме наведете ја годината на дипломирање, специјализација, диплома за квалификација, името на образовната институција, земја;
3. Професионална активност. Ве молиме наведете листа на најважни изложби во последните 10 години. Ве молиме наведете ја годината, името на изложбата, името на галеријата (музејот, итн.), градот, државата. Ве молиме наведете дали изложбата е соло или групна.
4. Дела за изложбата Техно-илузија. Ве молиме опишете ја идејата на делата што планирате да ги изложите на изложбата (10-15 реченици). Ве молиме наведете ја величината, типот и техниката на делата, како и неопходните технички, софтверски и други потреби за изложбата;
5. Примери од делата. Ве молиме пратете фотографии од вашите дела заедно со апликацијата, или пратете ни линкови до вашите дела поставени на интернет (не повеќе од 10 дела).
За какви било прашања обратете се на kaunascreart@gmail.com или creart@fmcva.org