Детскиот креативен центар – Скопје (ДКЦ) е прв специјализиран центар во земјата кој на најмладите им овозможува да се вклучат во различни активности за читање и математика, со помош на нивните родители и наставници. Опремен е со детска литература, катчиња за читање, детска театарска сцена, ателје, едукативни јазични и математички игри, интерактивни табли, компјутери со едукативни игри и аудио – дигитални сликовници. Центарот е наменет за децата од предучилишна и училишна возраст, нивните родители и наставници.

Обновувањето и опремувањето на просторот е направено со финансиска поддршка на Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, преку Проектот „Со читање до лидерство“ кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Капацитет: 100 деца

Намена: едукативни посети на деца, наставници и родители, уметнички работилници, детски родендени и забави