ГРАДОТ СКОПЈЕ РАСПИШУВА ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УМЕТНИЦИ  ЗА УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКАТА ИЗЛОЖБА  ВО 2018 ГОДИНА  ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ CREART 2.0 ПОДДРЖАН ОД ПРОГРАМAТА „КРЕАТИВНА ЕВРОПА“

 

Град Скопје ги повикува заинтересираните уметници од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми од Скопје да поднесат пријава со свое портфолио на англиски јазик за учество во постапката за селекција на најмногу 10 уметника  од градот Скопје за учество на Европската изложба  во 2018 година, која се оддржува во рамки на европскиот  проект „CREART“.

  1. 1.  За проектот CreArt 2.0

Град Скопје се вклучи како партнер во  европскиот проект Мрежата на градови CreArt 2.0 (2017-20121)  (https://creart2-eu.org) поддржан од програмата на Европската Комисија  „Креативна Европа“.  Како дел од активностите на мрежата CreArt   еднаш годишно ќе  се организира „Заедничка Европска изложба“ која ќе патува во 3 различни градови, а на која ќе учествуваат уметници од сите партнерски градови, избрани од еден заеднички европски куратор. Градови кои учествуваат во проектот се: Валадолид (Шпанија) као лидер на проектот, Каунас (Литванија), Авеиро, (Потугалија), Загреб (Хрватска), Леече (Италија), Ливерпул (Велика Британија), Катовице и Лублин (Полска), Клермонд Феранд и Руен(Франција) и Скопје (Македонија).

  1. 2.      За  Европската  изложба

Еден од водечките активности на CreArt 2.0 е годишната патувачка Европска изложба во која учествуваат уметници од сите 12 градови партнери, а селектор на изложбата е куратор од градовите-партнери предходнио избран по пат на јавен повик. Секоја година големата зедничка Европска изложба се одржува во три града партнери.  Каталозите и промотивните матреијали ќе бидат дистрибуирани во сите партнерскиградови.

Првото издание на Европската изложба, насловена „Six Memos ќе биде организирано во 2018 година во 3 града учесници во проектот CREARТ, а нивниот  распоред и рута се  следните:

- Ваљадолид, Шпанија : мај-јуни 2018 година

- Ливерпул, Велика Британија : јули-август 2018 година

- Лублин, Полска  септември-октомври 2018 година

  1. 3.  Куратор и концепт на изложбата

Куратор и селектор на изложбата во 2108 година  е Бранка Бенчиќ од Загреб, Хрватска, а нејзиниот куратоски концепт се базира на темата „SIX MEMOS“ (Шест мемории) и  се темели на збирката есеи на италијанскиот книжевник Итало Калвино „Six Memos for the next Millenium“.

Леснотија, брзина, точност, видливост, многуструкост и доследност  (Lightness, Quickness, Exactitude, Visibility, Multiplicity and Consistency)  претставуваат шест концепти кои италијнскиот  новелист Итало Калвини ги претставил као рефернтни места во книжевниста, а кои можеме да ги согледаме во поширок  контекст низ позициите во  уметноста, општеството и културата. Тргнувајќи од  литературата, историјата и теоријата на книжевноста, низ пет поточно шест еластични концепти, Калвино воспоставува низа на вредности, трајни, универзални, цивилизациски како легитимитет за  изминатите и идните генерации, како наследство кое го носиме со себе.

  1. 4.  Селекција на делата

- Доколку бидат пријавени повеќе од 10 автори,  ќе биде извршена предслекција на доставените пријави од страна на локална комисија,

-  Конечната селекција на уметници кои ќе учествиваат на изложбата ќе биде  извршено од страна на кураторката Бранка Бенчиќ, која од предложените уметници треба да одбере најмалку еден уметнк од секој град и да ја состави конечната листа на учесници на изложбата и заедно со уметниците ќе се договара околу конечната селекцијата на дела кои ќе бидат изложени.

- Уметниците ќе бидат информирани за  резултатите од  јавниот повик.

5. Услови за учество и покривање на трошоци

-  Право на учество имаат уметници или уметнички групи  од областа на визуелните уметности и уметоста на новите медиуми кои живеат, работат или студираат во Скопје.

- Максмален број на дела со кој уметникот/уметничката група може да се пријави е пет (5),

- Пријавените уметници/уметнички групи  треба да ја следат темата „Six memos“  зададена од кураторот Бранка Бе дадена во прилог на повикот,

- На избраните уметници ќе им биде исплатен авторски хонорар од 500 евра нето  во денарска противредност од страна на Градот Скопје врз база на авторски договор,

-  Избраните уметници ќе имаат можност да присуствуваат на една  локација од трите на кои се оддржува изложбата во 2018 година (со исклучок на  оние уметници кои ќе мораат сами да ги поставуваат своите дела),  што вклучува покривање на трошоци за пат, храна и сместување од страна на  организаторот,

- Град Скопје на уметникот ќе му ги покре трошоците за патничко осигурување, доколку уметникот не поседува Европска карта за здравствено осигурување,

- Грижата околу превземање, превоз, осигурување и пакување на избраните дела како и подготовка на каталогот ги презема организаторот на изложбата,

- Дополнителните трошоци поврзани со престојот во странство ги сноси уметникот.

6. Начин на пријавување:

Право на учество имаат сите уметници кои живеат и  работат  во Скопје.

Заинтересираните уметници треба да ја пополнат пријавата на македонски јазик, како и да испратат своја биографија, портфолио  и фотографии на  најмногу 5 референтни дела кои одговараат на темата на повикот, писмо на намери и  други релевантни документи на англиски јазик кои ќе бидат препратени на кураторот.

Напомена:  Званичен јазик  на комуникација со кураторот и организаторите на изложбата (одговорните лица од градовите Ваљадолид, Ливерпул и Лублин) е англискиот јазик.

Со поднесувањето на потпишаната пријава авторите се согласуваат со условите на конкурсот.

Пријавата треба да се испрати најдоцна до 30 ноември 2017 година (петок)  на следната е-маил адреса: nadap@skopje.gov.mk.

Лице за контакт Нада Пешева, Kоординатор на проектот од Град Скопје тел.3297-323,  е-маил: nadap@skopje.gov.mk