CreArt семинар за кураторство
29-31 октомври, Авеиро, Португалија

Тема:
Овој семинар ги истражува врските меѓу историјата и уметноста на кураторството, како и наративноста во кураторството. Се фокусира на современите изложби од уметноста на 20 век. Посебно внимание се обрнува на:

- Кураторство во динамика центар-периферија: уметнички вежби на периферијата, кураторство и историја на продукција;
- Улогата на кураторството во врска со однапред дефинирани уметнички канони или хиерархија на уметничка пракса;
- Пазарот, политиката и општествената динамика: кураторството како практика на комбинирање;
- Менување на праксата на историјата на уметноста и кураторската пракса;
- Улогата на музеите во преиспитување на музеите и нивната наративност;
- Менување на начинот на гледање, менување на начинот на размислување – балансирање на комуникацијата, поставување сомнеж, прикажување како наративна продукција;

Семинарот се состои од изложувачки студии и студии на случај, вклучувајќи дискусија за есеи, посета на изложба со дискусија и учество на независен куратор.

Локација:
Конгресен центар, Авеиро, мал аудиториум

Учесници и критериуми за селекција:
Семинарот е отворен за локални куратори и уметници (родени или со престој) во еден од градовите што се дел од CreArt програмата: Авеиро, Клермон-Феран и Руан, Џенова и Лече, Каунас, Катовице и Љублин, Ливерпул, Скопје, Ваљадолид, Загреб.

Потребно е кураторите и уметниците да имаат диплома од областа на уметноста, една година кураторско или работно искуство во музеј/галерија и сл.

Услови:
- Организаторот ги покрива патните трошоци (до 600€) и сместување, освен за учесниците од Авеиро;
- Организаторот нуди оброци за сите учесници за време на работилниците (од 29 до 31 октомври);
- Учесниците треба да присуствуваат на сите студии на семинарот.

Аплицирање:
Онлајн апликацијата треба да биде поднесена до 16 септември 2018: https://creart2-eu.org/open-calls/

Потребна документација:
- Име и презиме, адреса, телефонски број и имејл адреса;
- Скенирана копија од лична карта или пасош;
- Кратка биографија;
- Да се наведат причините за учество на семинарот (не повеќе од една А4 страница).

Селекција:
Директорката на семинарот, Мариана Пинто дос Сантос, ќе селектира максимум 25 куратори и уметници. Одлуката ќе биде објавена до 20 септември 2018.

Одбраните куратори и уметници треба да го потврдат учеството до 25 септември. Во спротивно организаторот ќе го одбере следниот на листата. Пријавените кандидати немаат право на жалба против одуката на директорката и организаторот (CreArt) за изборот на учениците. Учеството на повикот ќе се смета за прифаќање на повикот.

Организаторот го задржува правото да одлучува, како што смета дека е исправно, за секоја ситуација што не е предвидена во овој повик.