Академијата за театар, радио, филм и телевизија при Универзитетот во Љубљана во март 2014 распиша втор циклус (мастер студии) по театарска и радио режија во времетраење од една година (60 ЕКТС кредити). По завршените студии, кандидатот се стекнува со диплома на магистер по театарска и радио режија.

Академијата е членка на повеќе етаблирани асоцијации: International Federation for Theatre Research – FIRT/ IFTR, European League of Institutes of the Arts – ELIA како и The International Association of Schools of Cinema and Television – CILECT.

Поголемиот дел од меѓународната размена на студенти на академијата е преку Еразмус програмата или CEEPUS. Партнери на програмите за размена на студентите и соработката при интензивните семинари за студенти на Академијата за театар, радио, филм и телевизија при Универзитетот во Љубљана се Универзитетот за филм и театар од Будимпешта, Унгарија, Академијата VŠMU од Братислава, Словачка, Универзитетот од Антверп, Холандија, Берлинскиот слободен универзитет, Академијата DAMU од Прага, Чешка, Акадмијата за уметности од Бањска бистрица, Словачка, Академијата JAMU Од Брно, Чешка, Универзитетот во Евора, Португалија и други.

Академијата исто така има воспоставено врски за соработка со останатите институции во регионот, со Академијата за драмски уметности во Загреб, Хрватска, факултетот за драмски уметности во Белград, Србија, Академијата за изведбени уметности во Сараево, БиХ и факултетот за драмски уметности од Цетиње, Црна Гора.

Целите на вториот циклус мастер студии по театарска и радио режија се овозможување на пријавените кандидати тренинг и практична настава во полето на театарската и радио продукцијата (од првична идеа и замисла до реализација и пост продукција) за успешно извршување на своите проекти во професионална работна средина и услови. За време на студиите, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со практични  и теоретски вештини при создавањето и реализацијата на нивните проекти, како и стекнување со аналитички способности и развој на професионалниот капацитет за подобра креативна интерпретација и евалуација на современите практики во театарот и радиото. Студиите по театарска и радио режија се сродни со други студиски програми од Академијата за театар, радио, филм и телевизија, особено со студиските програми по драматургија и изведбени уметности, сценски дизајн, актерска игра, уметност на движењето и говорни форми.

Студиите се бесплатни за македонски студенти!

Повеќе информации за предметите, програмата, уписите и рокот за аплицирање можете да најдете на следниот линк:

http://www.agrft.uni-lj.si/mma_bin.php?id=2014051310570861

http://www.agrft.uni-lj.si/