Во сабота, на 20 август, во Скопје започнува седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Сите сме приказна“ од 20 до 26 август 2016 година во Куршумли-ан, Чифте амам и во Музејот на современата уметност во Скопје.

Фестивалот „МакеДокс“ оваа година ќе прикаже вкупно 63 документарни филмски остварувања распоредени во пет програми: Главна програма, Нови автори, Руски снег, Кратки документарци и Студентски приказни.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат три работилници: „Работилница за уметноста на раскажувањето“ од 21 до 24 август во Музејот на современата уметност; „Раскажувачите раскажуваат“ од 22 до 25 август во Чифте амам; и „Сторивуд“ во и околу Куршумли-ан.

Повеќе информации на http://nov.makedox.mk/en/festival-2016/ и  https://www.facebook.com/makedox.mk/