Здраво Млади – јуниор програма и други детали

Во недела (07.јуни), пред МКЦ ќе се одржи петтото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“.
Со оглед на тоа дека годинава програмата почнува точно напладне, „Здраво Млади“ објавува дека сите родители кои имаат билет за фестивалот и не се во можност своите деца да ги остават на Баба, Дедо, Чичо, Вујна или убавата дадилка, ќе имаат можност своите деца(до 10 годишна возраст) бесплатно да ги почестат со фестивалски „јуниор“ билет.
И секако, ќе се потрудиме на најмладите да им биде забавно и „по добро“ да го паметат Здраво Млади #5, па во просториите на Детскиот Креативен Центар во МКЦ, ќе биде организирана работилница за изработка на маски, реинтерпретирана во танц.

Изработка на маски, реинтерпретирана во танц и обратно

12.00 – 12.30 – Пристигнување на децата и родителите
12.30 – 13.00 – Мала презентација на тоа што ќе се работи

Една од групите ќе оди на ликовна работилница, другата оди кај професорот по танц (кореограф), потоа ќе се заменаат улогите.

Ликовно студио – подготовка на материјали со кои би се работело на креирање и обликување на ликовите и изведба на маските.

Студио за танц – подготвување, движење и вежбање, експериментирање, како и помагање за изведбата на карактерот (ликот).

13.00 – 14.00
Децата што ќе земаат учество, имаат задача преку ликовните алатки да, креираат, обликуваат лик (карактер), што би сакале да го одиграат или танцуваат.
Задачата на родителите е заедно со своите деца да набројат три карактеристики за создадената маска, за да може да ги реинтерпретираат преку движење, кореографија и изведба во современ танц.
Исто така и обратно, прво, да ја бараат инспирацијата во танцот, изведбата и звукот, потоа да создадат карактер, лик за маска, каков што самите си го имаат замислено додека танцувале.

14.00 – 15.00
Ќе се работи на мали интеракции помеѓу различните ликови, карактери, суштества меѓу игри, презентации, комуницирајќи за витамините и минералите преку ликовите. За крај, ќе следува краток перформанс (smile emoticon).

На Здраво Млади годинава имаме околу сто учесници во 14 музички бендови, од 7 различни држави (САД, Канада, Англија, Швајцарија, Хрватска, Србија и Македонија), програма на 3 различни сцени под отворено небо, целодневен музички пикник пред МКЦ.
Нaстапуваат Gonjasufi, Bernays Propaganda, Metz, Prinzhorn Dance School, Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp, Artan Lili, Vlasta Popic, Kir, Lepi Xhoni, Conquering Lion, TI, Rib, Surtukler, Moodswinger.

Влезниците се по цена од 450 денари на билетарницата на МКЦ и преку продажната мрежа на МК тикетс.
„Другарски билет“ (4+1 гратис = 1800 денари – 5 билета или 360 денари по билет), само на билетарницата на МКЦ!

Другарски поздрав од МКЦ „headquarters“.