Почитувани,

Mладата студентка Маја, која пред три денови беше повредена на концертот во ЈУ МКЦ, вчера, во добра здравствена состојба го напушти Клиничкиот центар и замина во својот дом во Битола. Во изминатите денови, МКЦ заедно со семејството на Маја и лекарскиот тим беше фокусиран на закрепнувањето на Маја, бидејќи здравјето на Маја беше единствениот приоритет. Токму од овие причини, свесно ги одбегнувавме сите коментари и шпекулации кои кружеа во јавноста.

МКЦ искрено жали за немилиот настан. И покрај фактот што не бевме организатори на настанот, како на овој, така и на сите останати настани во МКЦ, секогаш, без исклучок, безбедноста на граѓаните и изведувачите ни е на прво место. Би сакале да истакнеме, дека и од страна на организаторот на овој концерт, истото беше апсолутно професионално почитувано и спроведено.

Во овој контекст, индивидуата која го предизвика овој инцидент, јавно ја прогласуваме за непожелна на сите настани во ЈУ МКЦ и киното Милениум. Нему, но и на сите останати, кои нема да ги почитуваат нашите безбедносни правила и прописи, исто така ќе им биде забранет влез на настаните во ЈУ МКЦ и киното Милениум.

Се гледаме во МКЦ! Следува:

13-15. јуни – Паратисима Скопје, прв саем на современа уметност
14-21. јуни – MAKEDOX (програма во МКЦ)
19.јуни – Види музика – слушни слика – добиј книга (Градски Парк)
25.јуни – концертна промоција на компилацијата „Некои Девојки“
26.јуни – изложба на Иван Ивановски

МКЦ тим