„На свечена промоција во музејот на македонската борба, во присуство на бројни гости, традиционално и годинава, беа доделени десетте признанија за Македонски квалитет за 2017 година.
Признанијата ги доделија претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) г-ѓа Данела Арсовска како и претседателите на секторските комори  во Сојузот.
Добитници на Признанијата се: ФХ3Х, Чеза Комерц, Конто Профит, Процес Ин, Вработување.ком, Пост Експрес Македонија, Агроунија, Антариас, ПЗУ Поликлиника Тоспаш и Женскиот младински хор при МКЦ“.