По завршувањето на интернационалниот саем на современа уметност, Паратисима Скопје, во Галеријата на Младинскиот културен центар продолжува изложбата „Прашај ја сликата“ на Сашо Поповски.

Изложбата ќе биде поставена до 25 јули.

„Во светов, кој го живееме, зборот е сеприсутен но обезвреднет. Авторот нема преголема желба да го користи. Како што музиката се слуша, така и сликата не може да се раскаже, треба да се погледне.

Сашо Поповски е роден на 7-VI-1960та година во Скопје, Македонија.
На 7-VI-2017та година, сѐ уште жив во загадено Скопје, ќе има отворање на својата изложба ПРАШАЈ ЈА СЛИКАТА во МКЦ.”