Известување за активни повици за учество на уметници во рамки на проектот CREART2Мрежа на европски градови за уметничко творештво (2017-2021)

 

Град Скопје Ве известува дека во рамките на проектот „Creart2- Network of European Cities for Artistic Creation (Creart2- Мрежа на европски градови за уметничко творештвокофинансиран од Европската Комисија преку програмата „Креативна Европа“, а во кој  Градот Скопје учествува како партнер, се отворени повеќе повици за пријавување  на уметници кои живеат и работат во Скопје  во дел од проектните активност кои ќе се спроведуваат во повеќе градови партнери или асоцијативни партнери во проектот во 2018 година:

Повиците се однесуваат на следните активности:

  • Уметнички престој во Линц, Австрија во февруари 2018 година. Повикот е отворен до 29 декeмври 2018 година. Пријавувањето се одвива директно на следниот линк: https://creart2-eu.org/open-calls/artist-in-residence-in-linz-austria-february-2018
  • Уметнички престој во Каунас, Литванија во март 2018 година. Повикот е отворен до 28 декeмври 2018 година. Пријавувањето се одвива директно на следниот линк:  https://creart2-eu.org/open-calls/artist-in-residence-in-kaunas-lithuania-2018.
  • Уметнички престој во Ливерпул, Велика Британија во февруари-март 2018 година. Повикот е отворен до 28 декeмври 2018 година. Пријавувањето се одвива директнона следниот линк :https://creart2-eu.org/open-calls/creart-artist-in-residence-in-liverpool-2018
  • Отворен повик за учество на дуалната изложба „¿ГРАНИЦИ“ каде  може да учествуваат уметници од Валадолид, Шпанија и останатите градови од CREART мрежата. Изложбата ќе биде отворена на  9 март 2018 година во музејот Патио Херера во Валадолид. Повикот е отворен до  30 декември 2017 година. Пријавувањето се одвива директно на следниот линк:

https://creart2-eu.org/open-calls/open-call-to-participate-in-the-dual-exhibition-borders-in-which-artists-from-valladolid-and-the-rest-of-the-creart-cities-can-apply

 

Повеќе информации за самиот проект „Creart2 и повиците можете да превземете од интернет страницата на проектот: https://creart2-eu.org. Ги  покануваме уметниците да се пријават за учество. Изборот на најсоодветни кандидати ќе го вршат градовите во кои одвива  активноста.