Годинешниот, втор по ред фестивал на гифови GIFEST2 ќе биде одржан во месец јуни во Суботица, Србија.
Како и минатата година, целта на фестивалот е да го собере авторите кои се занимаваат со оваа визуелна форма и да им се овозможи да ги прикажат своите авторски дела. Темата на годинешниот фестивал е: „Хаосот е вечен“, а организаторите ги повикуваат авторите да ги пријават своите дела до 15.05.2014.

Пропозиции:
Технички услови: минимум 640х480pix, резолуција 72dpi, секој gif мора да се состои од најмалку два фрејма, времетраење на loop најмногу 10 секунди.
Не постојат ограничувања во смисолот на содржината и форматот на gif-от. Дозволено е се’, од апстракција до ангажиран израз, а темата е „ХАОСОТ Е ВЕЧЕН“.
Секој автор може да прати најмногу 3 авторски дела

Услови:
Учеството на фестивалот е бесплатно и отворено за сите. Пријавените дела МОРА да бидат авторски на оној/онаа кој/а ги праќа. Учесниците се согласни нивните дела да бидат објавени на официјалната веб страна на фестивалот како и на официјалната ФБ страна.
Податоци кои треба да се достават со gif-овите.
- Наслов на делото
- Име и Презиме на авторот
- Град и Држава од која доаѓа авторот
- Професија и возраст
- контакт телефон и e-mail

Gif-овите треба да се праќаат во прилог на мејлот на оваа адреса contest@gifestsubotica.com.
Сите дополнителни информации можете да ги добиете на info@gifestsubotica.com.
Фестивалот можете да го следите и на : https://www.facebook.com/GIFEST

Делата кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат прикажани во натпреварувачкиот дел на GIFEST2 кој ќе биде одржан во Суботица во киното Александар Лифка.
Официјална веб страна: gifestsubotica.com