ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА УМЕТНИЦИ НА РАБОТЛНИЦА ВО ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА И УМЕТНИЧКИ ПРЕСТОЈ ВО ГРАДОТ КАУНАС, ЛИТВАНИЈА ВО РАМИКТЕ НА ПРОЕКТОТ CreArt

Град Скопје ги известува уметниците што живеат и работат во Скопје дека се отворени три (3) повика за учество на уметници во рамки на активностите, кои се спроведуваат во проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation) кофинансиран од страна на програмата на Европската Комисија „Креатива Европа“

Град Скопје од 2017 година постана партнер во CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) којашто прествува европска мрежа составена од градови и јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес, кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Ваљадолид од Шпанија, а проектот го сочинуваат 12 партнери.

1) Повик за млади уметници до 35 години, кои доаѓаат од градовите-учесници во проектот CreArt, да се пријават на уметничката работилница што ќе се оддржува во  Загреб, Хрватска од 17 до 20 октомври 2018 година во Музејот на современа уметност. Темата на работилницата е „Уметничката фотографија како скулпторски материјал во современата уметност“, ментор на работилницата е академскиот скулптор Кристијан Кожул, а куратор на работилницата е Леа Вене.

Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на онлајн апликација на следниот линк https://creart2-eu.org/open-calls/artist-workshop-in-zagreb-the-use-of-photography-as-a-sculptural-material-in-contemporary-art.

Рокот за пријавување до 29 јуни 2018 година.

Изборот на уметниците ќе се врши од страна на партнерот од Градот Загреб, Хрватска.

2) Повик на уметници што доаѓаат од градовите-учесници во проектот CreArt  да се пријават за да учествуваат на  уметнички престој во Каунас, Литванија што ќе се оддржи од 26 септември до 26 октомври 2018 година. Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на  онлајн апликација на следниот линк на кој е објавен и повикот со условите за учество:   https://creart2-eu.org/open-calls/crert-artist-in-residence-in-kaunas-lithuania-september-26-october-26-2018 . Рокот за пријавување е до 20 јуни 2018 година.

Изборот на уметниците ќе се врши од страна на партнрот од Градот Каунас, Литванија.

3) Исто така, Градот Руан го продолжи повикот за уметници што доаѓаат од градовите-учесници во проектот CreArt  да се пријават за да учествуваат на дуалната изложба и краток уметнички престој во Руан, Франција, кои ќе се оддржат во следните термини: Краток уметнички престој (Dual Artist in residence) ќе се оддржува од 19 ноември до 30 ноември 2018 година, а Дуалната изложба (Dual exhibition) ќе се оддржува од 30 ноември 2018 година до 18 јануари 2019 година.  Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на  онлајн апликација на следниот линк:   https://creart2-eu.org/open-calls/dual-exhibition-and-short-air-in-rouen-fr-2018 .

Рокот за пријавување е продолжен до 14 мај 2018 година.

Изборот на уметниците ќе се врши од страна на Градот Руан.