Превземено од: www.kritika.mk

Ви го најавуваме албумот-посвета на Падот на Византија насловен „Од другата страна“, трибјут албум на кој учествуваат 13 состави со свои преработки на песните на Падот на Византија, создавани во периодот на двегодишното постоење на групата 1983 – 1984.

Албумот ќе биде реализиран наскоро како дигитално веб издание и ќе биде достапен за слободно превземање.

„Од другата страна“ ги содржи преработките на Тело-Наука Совршена, Мизар, Новоградска, Ти, Сусијат, PMG Kolektiv, Александар Пејовски, Mooger Fooger, Millko, Galathea, Сашко Костов, Foolish Green и Демек.