Поради дожд нов датум за „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!“

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар информираат дека поради временските неприлики и најавите за дождливо време, мултим едијалниот спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!“ се презакажува за понеделник, 23 Јуни 2014 година со почеток во 21 часот на локацијата во Градскиот парк.

Дождливото време и влагата претставуаваат проблем за инструментите, поради што принудени сме да почекаме да се подобри временската прогноза за да може оркестарот непречено да ја изведе предвидената програма. Исто така сакаме што е можно повеќе граѓани да уживаат во настанот, а доброто време е предуслов за добра посетеност.- изјавува директорката на македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ.

Мултимедијалниот спектакл  Види музика, слушни слика, добиј книга се одржува по седми пат, и оваа година покрај Македонската филхармонија која  под  диригентската палка на Мартин Пантелеев ќе изведе програма насловена  „Со танц низ светот“, додека на огромни платна покрај сцената својата инспирација од музиката ќе ја пренесат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов. Присутните граѓани ќе добијат примерок од книгата „Вита Бревис- писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин“ од норвешкиот писател Јостен Гордер.