Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар од Скопје, под диригентската палка на Ванчо Јовчев со успех учествуваше на Меѓународниот фестивал за хорови и оркестри “ Advent Music Festival” што од 05 до 08 декември 2014 се одржа во Прага, Република Чешка.
Нашите млади инструменталисти настапија во престижната катедрала St.Salvator Churc и се претставија со дела од Schubert, Rodrigo. Williams, a особено инспирирани аплаузи изнудија со изведбата на делата од македонските композитори, Цанев, Шуплевски, Тошевски, Трајковски. Посебен куриозитет беа композициите во чија блескава изведба како солист учествуваше нашиот млад и веќе докажан виртуоз на виолина Ева Богоевска. На шестото издание на фестивалот што има ревијален карактер, годинава учествуваа ансамбли и хорови, од Турција, Латвија, Германија, Литванија, Словенија, Италија и Македонија.