Документарниот филм „Мојот превртен свет“ (My World Upside Down) на креативното дуо Петра Селишкар (режисерка) и Бранд Ферро (директор на фотографија), којшто е копродукција меѓу Македонија, Словенија и Хрватска, на годинашното 12. издание на ЈИЕфест (SEEfest) во Лос Анџелес се закити со две награди: Специјална награда од жирито за најдобар документарен филм и награда за најдобра фотографија во документарен филм.
Во прилог ви испраќаме соопштение, фотографија од авторскиот тандем, плакат за документарниот филм, како и линкови до фестивалската објава на наградите на SEEfest и програмата на минатогодишното издание на „МакеДокс“.
Линк до објавата на наградите на SEEfest: http://seefilmla.org/2017-festival-awards/
 
Линк до програмата на „МакеДокс“ 2016: http://nov.makedox.mk/en/my-world-is-upside-down/