„Во организација на Младинскиот културен центар – Скопје, изложбата на реномираниот македонски уметник, Мирослав Масин, Enchantѐ, на 7 април ќе биде отворена во Нишкиот културен центар.
На неа ќе бидат претставени слики што уметникот главно ги има изработено во текот на 2014 година.
Делата се во комбинирана техника, најмногу акрил, но има и масло дрвени боици, како и јаглен.
Изложбата насловена Enchantѐ, имаше можност да ја погледне и македонската публика, во октомври, 2014 година, во Младинскиот културен центар – Скопје.“