Последниве неколку години на крајот на месец август се одржуваат симпатични, позитивни, независни и современи фестивали во неколку градови во Македонија.
Еден крик против напливите на скараџиските напади и рушењето на рекорди по изедено мелено месо на разни т.н „манифестации“. И годинава „малите“ се обидуваат да застанат на браникот на пристојноста, за жал, поради меѓусебната некоординираност, викендов имаме 3 фестивали во 3 града (АКТО – Битола, БОШ – Гевгелија и прво издание на Axios во Дојран). Викенд после нив, Слободна Зона во Виница. За жал, веќе втора година како не се оддржува Кран во Куманово :(. Проверете ги официјалните програми, најдете најдобра опција за превоз и сместување, изберете го својот фаворит и викендов посетете некој од наведените фестивали.

akto2014

АКТО (Битола)

ГОДИНЕШНОТО АКТО ВО ЗНАКОТ НА ЧЕКАНОТ НА ОПШТЕСТВОТО

Поаѓајки од идејата на Брехт, дека уметноста не треба да биде огледало издигнато во лицето на реалноста туку чекан со кој ќе се обликува, годинешното, девето по ред издание на Фестивалот за современи уметности АКТО во Битола (22 – 24 август, 2014) ќе се обиде да го преиспита односот на уметноста, или уметноста која се создава во актуелниот, современ момент во релација и како однос на постојани преговори и конфликт со општествените и политички конструкции. За таа цел, речиси целата програма на годинешното АКТО ќе се одвива во Мобилна/монтажната галерија на Центарот за современи уметности во Скопје која се отвори во април годинава во Скопје а која ќе биде специјално донесена во Битола за потребите на фестивалот и ќе бидe лоцирана во јавен простор во центарот на градот.
Официјална Facebook страна.

 

 

 

 


 

boshБОШ ФЕСТИВАЛ (Гевгелија) 

– е мултимедијална платформа, низ која се слави креативниот израз во урбан контекст. Или поинаку кажано, БОШ е обид за естетизирана артикулација и осмислување на т.н. ‘додадена вредност’ на урбаната култура…

БОШ е процес на создавање на еден типично-поразличен, несекојдневен и неконвенционален, јавен_простор… Простор, кој постојано се ре-дефинира, преку урбаните уметности, односно уметностите во урбан контекст… Простор, кој е доволно оргинален и опиплив, динамичен и пулсирачки, провокативен и/или контроверзен… Но пред сè, отворен и достапен за секого! БОШ е ‘инвазија врз духот’, акт за маркирање на културно-естетска, ‘слободна територија’! БОШ е и фузија и конфузија, и сензибилизација и вулгаризација! БОШ е меѓупростор кој поврзува, во потрагата по своето време и потреби…

Затоа, доколку се сметате себеси за доволно слободни и креативни, и пред сè, со широко отворена душа, Гевгелија е вистинското место за вас од 22 до 24 август 2014 година. На неколку локации во централното градско подрачје, ќе се случува БОШ-2014.
Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини, (професионални и аматерски), како на пример театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Сите настани се бесплатни…
Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Истиот е посвета од неколку блиски пријатели.
Официјална веб страна.


 

axios

АКСИОС ЕКО-АРТ ФЕСТИВАЛ (Камп Мрдаја, Дојран)

Бидете дел од креирањето на заедничката визија инспирирана од потребата за културно-уметничко воздигнување и развој на еколошката свест. Еко-Арт Концептот на фестивалот се основа на создавање локација за блиска и одржлива интеракција што доведедува до интер-културно учење помеѓу уметникот и заедницата, истовремено стремејки се кон еколошките прашања и потребите на денешното општество кои бараат фокус за вистински интервенции, особено кон едукација на следните генерации. Аксиос Еко-Арт Фестивал е настан кој треба да ги инспирира следните генерации кои ќе се фокусираат на уметноста, екологијата и здравјето, како суштински елементи на животот.

Уметноста во сите свои облици, спојувајќи ја со различните иновативни еколошки идеи, треба во пракса да ја едуцирааат нашата заедница да се грижи за нашата сопствена природа. Овој фестивал е кулминација на дела од над 60 уметници од различни култури кои преку својата уметничка форма, забава и ангажирање во активности ќе ја промовираат уметноста и едукацијата за заштита на животната средина.

• Концерт на повеќе од 10 домашни и странски музичари и бендови, и повеќе од 40 настапи на дј-и, на 2 подиума ;
• 4 визуелни изведби и 3 сценски и театарски изведби, 8 изложби, видео проекции и мини кино .
• Предавања, уметнички работилници и останати активности предводени од страна на професионалци;
• Работилници за пермакултура и градење со природни материјали ;
• Камп простор со тушеви и тоалети.
• Штандови за ракотворби, еколошки и уметнички производи ;
• Барови, ресторани и чаи-шоп;
Официјална Facebook страна.


 

slobodna zona vinicaСЛОБОДНА ЗОНА (Виница) 29-31.08.2014

Мултимедијален фестивал, кој има за цел да презентира поинакви дискурси во општествениот живот, преку акумулација на нови уметнички енергии.
„Човекот е должен да биде слободен, не смее да биде роб, зашто е должен да биде ЧОВЕК.“
„Слободата е идеал, но ропството – факт. Слободата е стремеж, но ропството – избор.“
„Човековото ропство е токму неговото паѓање, негов грев… тоа не се победува со самопокајување и искупување на гревот, туку со активноста на сите човекови творечки сили.“
„Слободата што не го познава сожалувањето станува демонска.“
Официјална Facebook страна.