Здраво, Здраво
закажуваме средба по шести пат!
ЗДРАВО МЛАДИ!
4 јуни (сабота), МКЦ.
Го имаме и првиот потврден изведувач за годинешното издание на фестивалот.
WOODEN WISDOM (DJ SET) + DJ FITZ.
Wooden Wisdom се двајца DJ-и – Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа, Илајџа Вуд (Elijah Wood – Фродо од Господарот на прстените). Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда!
Илајџа Вуд е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак и патуваат ширум светот и прават одлични забави.
Придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел, да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!
Другите изведувачи и детали околу Здраво Млади #6 – наскоро!