Дојде време да започнеме да ја презентираме програмата за овогодишното, мини-јубилејно, петто по ред издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади!“.
Годинава ве очекува програма во еден маратонски фестивалски ден, но со нов концепт и идеја.
Фестивалскиот датум е 7-ми јуни 2015 (недела), во еден ден, на две бини и со целодневна 15-часовна програма.
Почетокот на овогодишната програма го закажуваме за 12:00 часот (точно на пладне) пред МКЦ, каде ве очекуваа, досега најбогата програма на „Здраво Млади!“ – 15 артисти, штандови за здрава храна и витамински напитоци, штандови за плочи, книги и стрипови, како и Јуниорска Здраво Млади програма.
За почеток, премиерно ви го претставуваме првиот артист на Здраво Млади #5, бенд кој музичата критика нагалено ги нарекува „вонбрачното дете на Jesus Lizard и Nirvana”, тие доаѓаат од Торонто, Канада и на 21 мај го реализираат својот втор албум за култната издавачка куќа од Сиетл – Sub Pop. Подгответе се за музичко цунами, во Скопје доаѓаат METZ.
Наскоро очекувајте ја комплетната програма на Здраво Млади #5 http://zdravomladi.com/