Во текот на месец март и април во Деткиот креативен центар ќе се реализира проектот – ИГРАМЕ ВО СТИМУЛАТИВНА СРЕДИНА, кој е финансиски поддржан од Град Скопје. Проектот ќе се реализира во две фази, првата во месеците март-април и мај-јуни, а втората фаза во месеците септември-октомври и ноември-декември.
Во првите два месеци (март, април) ќе се реализираат:

1. Работилници со деца од 3-5 години – целта е поттикнување на фина и груба моторика, потоа поттикнување на асоцијативно мислење преку практикување вежби од областа на математиката, стратегиски предизвици, логички проблеми. Активноста ќе се реализира преку вежби што се наменети за деца на оваа возраст.

Во вторите два месеци (мај, јуни):

2. Работилници со деца од 5-8 години – целта е поттикнување на фина и груба моторика, потоа поттикнување на асоцијативно мислење преку практикување вежби од областа на математиката, стратегиски предизвици, логички проблеми. Активноста ќе се реализира преку вежби што се наменети за деца на оваа возраст.

Работилниците се одвиваат во ДКЦ.

 

Друг проект, финансиран од Град Скопје, кој е во фаза на подготовки овој месец е проектот РАСТЕМЕ СО КЛАСИКА, кој ќе се реализра во месец април (16,17,18 и 19 ). Овој проект ќе се реализира во руралните средини на 5 скопски општини и тоа: Кисела вода, Ѓорче Петров, Илинден, Бутел и Чаир.
Во подготовки е и проектот на драмското студио на ДКЦ

Учиме за различностите – МОЕТО ДРУГАРЧЕ ОД ПЛАНЕТАТА ГРАШОК

Драмското студио работи секоја сабота од 11 часот. Со децата се работи на подготовка на претстава, чија премиера ќе се реализира при крајот на месец мај или почетокот на јуни. И овој проект е финансиран од Град Скопе.
Се работи и се договараат проектите:

АРТ И МУЗИКОТАНЦОВА ТЕРАПИЈА ЗА ДЕЦА ОД 3-9 ГОДИНИ
Работилницата ќе се одржи на 21.4.2018 (сабота) во 13:00 часот.

ЕДУКАЦИЈА НА НАСТАВНИЦИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ
Работилницата ќе се одржи на 20.4.2018 (петок) во 13:00 часот.

dkc 3

РАБОТИЛНИЦИ ВО ЛИКОВНОТО СТУДИО НА ДКЦ
Работилниците се одвиваат во ДКЦ секоја сабота во 12 часот.