Драги деца, продолжуваме да играме во стимулативна средина!
Драго ни е да ве информираме дека во периодот на месец март и април, во континуитет ќе се одржат неколку работилници наменети за деца од 3 до 5 години.
„Играме во стимулативна средина“ е планирано време за една опуштена, забавна и едукативна игра. Во Детскиот креативен центар МКЦ ќе се искреира една интересна стимулативна средина, каде што децата од 3 до 5 години, преку игра ќе ја практикуваат фината моторика и моториката на целото тело (груба моторика). Играта стимулативно ќе делува и на физичкиот и на менталниот развој. Етапно, од динамички активности ќе преминеме на активности со кои ќе допреме до веселата математика. Зборувајки за разноликата Индија ќе го практикуваме асоцијативното учење. Со поставување на детето во процес на игра тоа ќе зборува на јазик, кој е разбирлив и задолжителен за секое дете. Со проблемски ситуации ќе го поддржиме неговотo функционално знаење и способноста за решавање проблеми за на крај да завршиме со високо ниво на задоволство и наградување на вложениот труд.
За ова време детето ќе се чувствува:
● Забавно
● Исполнето
● Дружељубиво
● Поврзано со останатите
● Прифатено
● Фукционално и со самодоверба
● Способно

Напомена – пријавувањето е задолжително! Учеството бесплатно! – програмата е финансирана од Град Скопје.
Играта ќе ја водат Александра Гилевска и Кристина Лефкова, психолози, кои љубовта за работа со деца ја надоградија со специјализирани семинари за работа со деца, а праксата ја обавуваат секојдневневно.
Доколку вашиот избор е да вложите на овој начин во вашето дете можете да го пријавите на следниот link:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe9foHdFmihh6bRB3LIDy0FcB640yI90bZQpOHqNrdVtoqj7Q/viewform?c=0&w=1

или на следниот маил:
igramevostimulativnasredina@gmail.com
или да се јавите на
078/383-123 Александра или 071/218-787 Кристина
3115225 МКЦ лок. 114
Се гледаме во МКЦ!