MONO (ЈАПОНИЈА) ВО ФРОСИНА PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 Јануари 2010 10:40

Со особена чест сакаме да ја споделиме со Вас соработката помеѓу Младинскиот културен центар во Скопје и Плагиј.ат. Плод на ова здружување на силите е концерт на кој навистина се радуваме. Задоволство ни е да најавиме дека на 25.02.2010 во арт-киното Фросина ќе гостува фасцинантниот јапонски состав Mono, но и дека ќе се случи повратничкиот концерт на најиновативниот македонски бенд, Јаболко за даскалот. Почетокот на настанот ќе биде во 21 часот, а цената на влезниците е 300 денари во претпродажба и 400 денари на денот на концертот. Повеќе информации наскоро...