|
Четврток, 24 Декември 2009 08:47 |
|
На 25. декември 2009 година со почеток во 20 часот, во киното Фросина премиерно ќе биде прикажан најновиот македонски документарен филм АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ во режија на Ѓорѓи Јаневски.
АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ е филм за подземната историја на скопската рокенрол сцена, за нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија. Филмот одблиску ги следи почетоците на бендот Bernays Propaganda низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката.
“Искрената посветеност и страст, како и непоколебливоста на луѓето кои ја сочинуваат македонската независна музичка сцена се основната инспирација за правењето на овој документарен филм. Тоа е заразна енергија која поттикнува и инспирира.”
Во филмот учествуваат: Васко Атанасоски, Кристина Горовска, Џано Куч, Горан Аргировски, Кирчо Арсовски, Мирко Попов, Ненад Неделков, Сеад Хаџиќ и други “борци” на македонската музичка сцена.
Филмот е сниман во текот на 2007 и 2008 година.
Сценарио и Режија: Ѓорѓи Јаневски
Камера: Бранд Ферро
Монтажа: Благоја Неделковски
АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ е независна продукција на СТОТРОЈКА - здружение на граѓани за културна иницијатива во соработка со PETRA PAN FILM, HOUSE 57 и 3X. Филмот е финансиски поддржан од Македонскиот институт за медиуми и од Pro Helvetia - Швајцарска програма за култура.

|