| ПЛАНЕТАРИУМ |
|
|
|
|
Единствениот планетариум во Македонија. Посетителите, преку организираните предавања и користењето на визуелните ефекти на Планетариумот ги запознаваат основите на астрономијата, изгледот и движењето на небото и небесните тела, нивната природа, потекло, иднина... Планетариумот може да го посети група од 20 до 80 посетители, со однапред закажан термин и тема на предавањето. Во рамките на дејноста на Планетариумот се спроведуваат научноистражувачки проекти кои се од интердисциплинарен карактер или пак, проекти од сферата на етноастрономијата и археоастрономијата. Преку етноастрономските истражувања од населението на македонските села се собираат сите етнолошки информации поврзани со народните имиња, верувања и обичаи поврзани со небото, небесните тела како и земјата и атмосферските појави. Истражувачкиот тим од Планетариумот во 2002 год., ја направи првата целосна археоастрономска анализа на еден археолошки локалитет, која доведе до откривањето на Мегалитската опсерваторија Кокино. За значењето на древната опсерваторија зборува големото признание на НАСА, која во 2005 год., Мегалитската опсерваторија Кокино ја вброи на престижното 4 место на листата на најстари опсерватории во светот, како и фактот што овој локалитет од 2009 год., е на привремената листа на светското културно наследство на УНЕСКО.
|




